На едно четиричлено домаќинство во Македонија во февруари за исхрана и пијалoци му биле потребни 10.373 денари што е за 0,4 проценти повеќе од претходниот месец.
Државниот завод за статистика информира дека индексот на цените на мало врз основа на кој се пресметува вредноста на потрошувачката кошница во февруари во однос на јануари е понизок за 0,1 проценти, а трошоците на животот се останати на ниво од претходниот месец.
Индексот на цените на мало во февруари годинава, во однос на истиот месец од претходната година, е повисок за 1,2 отсто, а во однос на декември 2006 година е на исто ниво.