Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за четиричлено домаќинство во минатиот месец, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 10.432 денари и во однос на јули годинава е повисока за 1,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на мало во август годинава во однос на јули, е повисок за 0,4 проценти, а трошоците на животот се повисоки за 0,6 проценти. 

Просечната плата во Македонија е нешто над 14.000 денари, но многумина земаат плата пониска од просечната.

ohridnews