Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало минатиот месец бил повисок за 1,2 отсто во споредба со декември 2009 година, а индексот на трошоците на живот е повисок за 0,7 отсто.
Порастот на трошоците на животот, во најголем дел, е резултат на повисоките индекси на туристичките аранжмани за 11,6 отсто и на електричната енергија за 10 отсто.
Индексот на цените на мало во јануари 2010 година во споредба со јануари 2009 година бележи пораст од 1,7 отсто, а трошоците на животот бележат пораст од 0,1 отсто.