Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за април 2010 година, изнесува 12.656 денари, а во однос на претходниот месец е повисока за 2,6%. Индексот на цените на мало во април 2010 година, во споредба со април 2009 година, бележи пораст од 2,7%, а трошоците на животот бележат пораст од 1,4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во април 2010 година, во однос на претходниот месец, се повисоки за 0,8%, а индексот на трошоците на животот 0,6%.



Порастот на трошоците на животот се должи  на повисоките индекси на зеленчукот за 10,6%, овошјето за 4,1%, преработките од риба за 1,1%, преработениот зеленчук за 0,7%, свежото и киселото млеко и другите прехранбени производи за 0,4%, преработките од месо за 0,3% и мастите за 0,2%.

Во април, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 4,4%, услугите за образование и развој за 1,9%, средствата за образование за 1,8%, храната во ресторани и хотели за 0,5%, трошоците за одржување на автомобилите за 0,3% и сообраќајните средства за 0,2%.

OhridNews