Роденденски славеници во два часа успеале да направат сметка од повеќе од 100 000 долари. Иако многумина мислеле дека се работи за претерување, клубот Кавали во Дубаи вели дека тоа е вообичаено.
“Минатата година имавме две маси месечно кои трошеа помеѓу 50 000 и 125 000 долари во една ноќ. Очекуваме тој тренд да продолжи“, вели сопственикот на клубот.


Славениците воглавно пиеле. Освен безалкохолните пијалоци на кои потрошиле само 223 долари, на забавата се точел Кристал, гостите пиеле водка и виски, а кога на крајната сума ќе се додаде и процент за услугата, станува поголема за околу дополнителни 20 000 долари.