Полициски шефови, залудно потрошиле околу 125 000 евра на тајна операција, обидувајќи се да докажат дека еден од нивните колеги глуми дека е под стрес.


Тим од 11 полицјци од две различни станици, девет месеци го прател и прислушкувал 49-годишниот колега, Марк Хју, од Велика Британија. Марк работел со полициските кучиња. Добил посттрауматско стресно пореметување по неред меѓу навивачи на фудбалски натпревар помеѓу Кардиф и Лидс. Но, шефовите на полицијата во Јужен Велс се сомневале дека глуми. Го одбиле неговото барање за полна инвалидска пензија. Покренале операција и се лоцирале покрај неговата куќа. Резултатите не се познати бидејќи медицинскиот одбор го отфрлил доказот како неважен. Одлучиле дека само врз основа на 23 години поминати во полиција има право на полна пензија.
-Не можев да верувам колку длеку отидоа, и која стапка на надзор ја применија на мене – изјавил Марк.