Поранешната Плејбој зајчица, Сара Бурџ потрошила повеќе од половина милион фунти на пластични операции и козметички третмани, и на тој начин го соборила светскиот рекорд кој го држела американката Синди Џексон.

Мајката на три деца, Сара имала повеќе од 100 пластични операции и третмани. Нејзината страст по пластичната хирургија започнала кога за прв пат подлегнала на таква операција после нападот во кој била претепана и сериозно повредена.


„Тоа ми стана опсесија. Постојано размислувам што можам ново да направам. Не дека не сум задоволна со себе, но сакам да го зачувам младешкиот изглед и обликот на телото. Всушност сакам малку да го успорам процесот на стареење“ – објаснува 49 годишната Сара.