Ана Ловри од Велика Британија потрошила околу 55 илјади евра за хемотерапија на заболениот папагал, кој умрел една година подоцна. На нејзиниот 42-годишен папагал му бил дијагностициран рак и таа се одлучила да го изложи на хемотерапија.


Сепак нејзиниот папагал угинал пред неколку дена, 13 месеци по почетокот на терапијата. Рекла дека по дијагнозата му предвиделе уште два месеци  живот, и дека е среќна што успеала да му го продолжи за уште една година. папагалот бил нејзин миленик во последниве 30 години, а покрај него има уште 11 папагали.