Еден германец потрошил илјада фунти обидувајќи се да го пронајде човекот кому му должел пиво. Себастијан Стеринцен пред шест години на Мајорка изгубил опклада со еден човек кој го знае само по името Патрик, и со кој играл голф. Оттогаш постојано размислувал дека мора да му го врати долгот па одлучил тоа да го исполни.


Така Себастијан отпатувал во северен Сомерсет, од каде бил и Патрик, и ги проверувал клубовите за голф и баровите обидувајќи се да го пронајде човекот кому му должел пиво. Изјавил дека тоа го мачело цели пет години и дека бил личност која сака да ги врати своите долгови. Пропатувал цели 1300 километри како би го пронашол Патрик, и додал дека доколку успее нема да му биде воопшто жал за сите пари кои ги потрошил.