Гевин, попознат како Луцифер својата преобразба ја започнал пред една година кога ставил тефлонски рогови на челото. Потоа следеле и други трансформации. Овој поданик на Сатаната, невработен човек кој порано бил ангажиран како обезбедување по клубови и дискотеки сега има расцепен јазик, шилести уши, имплатирани рогови, продолжени очници и други додатоци.


За да собере пари за трансформациите се обидел да ги измами социјалните служби и се нашол пред суд. Најпрво бил казнет со 200 часа корисна работа, но подоцна поради здравствени причини казната му била преиначена во куќен притвор.