„Беше само мало девојче пред смрт коe ја бараше нејзината мајка. Беше поразително.“ Ова се зборови на Пол Рејд кој на светот му ја раскажа приказната за последните моменти кои ги поминал со осумгодишната Сафи Роуз Русос, најмладата жртва во терористичкиот напад во Манчестер, која ја пренесува срспски „Блиц“.

Пол, инаку возач на виљушкар, исто така бил на концертот на Аријана Гранде, но не е повреден. Кога експлодирала бомбата тој веќе ја имал напуштено арената и тргнал за дома. Во моментот кога ја слушнал експлозијата се вратил назад, бидејќи како што им изјавил на британските медиуми „едноставно знаел дека тоа е терористички напад“.

Сафи беше едно од осумте деца кои смртно настрадаа во терористичкиот напад. Во моментот на експлозијата била во холот заедно со својата мајка и поголемата сестра, кои се повредени. За жал Сафи се здобила со тешки повреди на нозете, карлицата и главата. Пол ја тешел додека спасувачите правеле импровизирани носилки од рекламните паноа. Ја држел на раце и и’ зборувал дека се ќе биде во ред, а малото девојче само ја барало својата мајка. Сафи починала во болница.

Мајката на Сафи се наоѓа на интензивна нега и се’ уште не знае за големата загуба. Нејзиниот татко е скршен од болка. Не бил на концертот и требало да го земе семејството по завршувањето на настанот кој однесе 22 жртви а педесеттина се ранети.

OhridNews