Трансформација на системот за справување со кризни ситуации и начините за подобрување на состојбите во однос на превентивно делување беа тема на дискусија на денешниот состанок во Охрид на заменик-премиерот за политички систем Љупчо Димовски и градоначалникот Кирил Пецаков со претставници на надлежните субјекти и служби што беа непосредно ангажирани во справувањето со кризната ситуација предизвикана од пожарите во атарот на Општина Охрид.

Владата од пред извесно време донесе одлука за формирање на посебен работен тим, односно работна група, која што ја има целта да даде предлог, односно решение за трансформација на системот на управување со кризи. За жал, оваа година во летниот период во Македонија, на целата територија на државата, имавме сериозни простори кои што беа зафатени со пожари на отворено, односно шумски пожари. Исто така, не е исклучок ни Општина Охрид, со двата пожари, особено пожарот кои сите нас не загрижува, на Галичица, како едно културно наследство, богато природно наследство, планина која што е исклучително важна не само за Охрид или Преспа, туку воопшто за Македонија од повеќе причини, посочи Димовски.

Целта на средбата, додаде, е да се споделат информациите од гасењето на пожарот, но во исто време и да се слушнат информации, предлози и идеи за тоа што треба да се направи за да се решат сегашните проблеми.

Проблемите се во нефункционирање на системот. Летните пожари се всушност огледалото на државата, кое што не функционира како што треба и затоа, ќе треба да се трансформира тој систем. Често во јавноста се зборува дали е потребно да се спојат Дирекција за заштита и спасување со Центар за управување со кризи. Можно е и тоа решение, ама тоа нема да значи дека ќе го имаме конечното решение, дека системот ќе функционира. Знаеме дека пред се треба да се направи една сериозна анализа за причините кои што не доведоа во оваа ситуација, да ја знаеме во детали каква е состојбата, за да врз основа на таа анализа да се изгради Стратегија која ќе ја работиме во чекори. Првиот чекор ќе биде да бидеме максимално подготвени за следната година, да исклучиме било каков ризик од нешто слично што се случи ова лето. Затоа, во следниот период покрај оваа анализа, односно Стратегија, ќе треба да се изменат отприлика 10, а сигурно и повеќе закони, ќе треба да се изготви нов закон за пожарникарство и тоа е темата на денешната средба на разговор.

Треба да се прошират институциите кои што ќе бидат вклучени во системот, на пример Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, илустрирајќи дека во Македонија драстично е намален сточниот фонд, што ќе значи дека просторот кој што е предвиден за пасишта не е искористен.

Имаме состојба на проширување на шумскиот појас затоа што немаме искористување на пасиштата. Имаме неразумно, нелогично, недисциплинирано и неодговорно слободно движење низ шумскиот појас од граѓани кои што не велам дека се злонамерни, меѓутоа од било кои причини, еве нека биде и ненамерно, со некакво дејствие придонесуваат во такви ризични ситуации да дојде до опожарување. За крај, во сите овие разговори, клучно е следново, превентивата, ние со превентивно работење исклучуваме можност од било какво опожарување, но, покрај пожарите, тука во системот за справување со кризи, ќе бидат и состојбите на високи води, на висок водостој на речните корита, на поплави. Тука ќе треба да се имаат во предвид и протоколите за пресекување на одредени патни правци со цел да се исцеди водата доколку некои урбани населби се поплавени, за да може таа вода да се исцеди врз земјоделски површини, каде што би била штетата помала. Кризна состојба и земјотрес, услови на земјотрес, на епидемија итн.

Откако ќе се направи тоа, додаде Димовски, и постави системот ќе се постават и протоколите да се знае во одредена ситуација на криза кој што треба и може да работи и што треба да се преземе.

Стратегијата ќе биде во чекори, долг процес кој веројтано ќе треа две години, но тоа не значи дека со тоа што сме го завршиле, со пожарите, догодина не треба да бидме подготвени. Владата веќе одобри и одредени значителни финансисики средства за набавка на противпожарни метални метли кои беа дефицитарни за пожарникарите и луѓето кои се справуваа со гасење на пожарите, со набавка на поголема количина на алати и опрема за луѓето. И уште едната одлука е дека веќе се преземени одлуки на ниво на Влада за селекција и испитување на пазарот за можна серизона набавка на противпожарни возила и противпожарен алат потребен за припадниците на противпожарните единици во државава, како и опремување на сите вработени кои се справуваат со гасење на пожарите а се дел од екипите на Национални шуми. И воедно ќе има внимание посветено на вработените и институциите како НП Галичица, Пелистер, Маврово и Шар Планина.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази очекување дека од ваквите состаноци ќе произлезат предлози, веројатно и интервенција на одреден закон за вклучување на одредени институции во законска рамка да функционираат во некаква форма, можеби спојување на ЦУК и ДСЗ и понатаму носење на одлуки или тоа што е најбитно носење на заклучоци кои ќе учествуваат во превентивата, тоа што ќе биде предизвик во годините кои доаѓаат.

Убеден сум дека вакви состаноци се потребни зошто заклучоците кои ќе произлезат за нас како локални самоуправи, бидејќи ТППЕ се дирекно под локалната самоуправа и се клучни во гасењето на пожарите, ќе допринесат на полесен начин да се справуваме со истите предизвици и кризи кои може да не снајдат како држава. Општина Охрид во изминативе 2,5 години има извршено набавка на возила за интервенција на непристапен терен, како и добар дел опрема потребна за ТППЕ Охрид. Оваа година набавуваме уште едно ново возило и следната година со буџетот е предвидена и набавка и на 34 опреми кои и фалат на оваа единица. Врз основа на закон Охрид има помала бројка на пожарникари, но ако од овие состаноци на крај произлезе некое системско решенение за сите овие иституции кои во време на криза реагираат тогаш мислам дека како држава ќе имаме еден комплетен систем за справување со кризи, додаде Пецаков.

Беше посочено и дека во моментов државата располага со три ер трактори од кои еден е во функција, а два треба да се сервисираат и со неколку хеликоптери кои се во МВР и МО, кои се сосема доволно ако се во функција, но и пилоти кои ќе се постојано на располагање.

 

Н.С.Ј./А.М.

видео/фото. Б. Стојаноски