Изнаоѓање поадекватни и функционални форми на соработка меѓу занаетчискиот сектор и јавните претпријатија за реализирање на партнерски проекти,  е еден од основните услови за Локалниот економски развој. Ова беше разговарано на работната вчерашната средба, што градоначалникот Александар Петрески  ја оствари со Занаетчиските комори од Македонија, Југоисточна Европа, Германија и регионалната Комора со седиште во Охрид.

Во таа насока, градоначалникот Петрески ги информираше гостите, за економскиот амбиент во општината и можностите за инвестирање и економски развој во наредниот период, а гостите ги објаснија сите детали за искуствата во работењето на регионалните и национални Занаетчиски комори
како и најдобрите форми  за соработка меѓу бизнис заедницата и јавниот
сектор.


Исто така на средбата стана збор и за долгогодишната соработка помеѓу Занаечиската комора на Германија и Македонскаат занаечиска комора. 

OhridNews