Националните специјалитети и традиционалните јадења не се доволно промовирани во угостителските објекти во Охрид.

Ова го покажале резултатите од анкетата спроведена меѓу граѓаните во Охрид за потребите на проектот „Духот на Охрид“.

Анкетираните сметаат дека е потребна поголема промоција на националната кујна, но и подобрување на однесувањето на вработените во угостителската дејност. Граѓаните исто така сметаат дека е потрбно да се покаже поголемо гостопримство кон туристите кои доаѓаат во Охрид. Меѓу работите кои треба да се подобрат охриѓани ги посочиле и јавната хигена и заштитата на животната средина.

Ohridnews