Културно уметничките друштва, но и организаторите на други културни манифестации од Струга и Струшко немаат доволно поддршка на локално и на централно ниво и сами со спонзорства се снаоѓаат околу организирање на настаните. Тоа беше заклучокот на денешната средба на претставници на културно уметнички друштва и здруженија на граѓани од областа на културата што се одржа во Струга во рамки на проектот „Еднакви можности во културата за сите етнички заедници во Струга“, што го реализира невладината „Youth Dream-Struga“ со поддршка на EU for Civil Resilience, а финансинан од Европската Унија.

Координаторот на проектот Еди Кела истакна дека целта на средбата е да се сретнат културните организации и здруженија со претставници од Советот и од Комисијата за односи меѓу заедниците и да ги пренесат проблемите со кои се соочуваат и да се слушне нивниот глас.

Ова е трета средба организирана во рамки на пректот „Еднакви можности во културата за сите етнички заедници во Струга“. Првата беше со членови на Комисијата за односи меѓу заедниците, потоа имавме средба со советниците и денеска со граѓански организации од областа на културата и културно ументички друштва. Заклучокот беше дека Комисијата за односи меѓу заедниците не е доволно активна, нејзини членови не присуствуваат на средбите и не даваат предлози до Советот, изјави Кела.

Учесниците на денешната средба се согласиле дека потребна е поголема поддршка од Општината и оти годишниот буџет на Општина Струга во областа на културата од 3.300.000 денари е многу мал, на што советниците укажаа дека тоа е сума која им се дозволува и секоја година имаат можност за зголемување од 10 отсто.

OhridNews