Потрагата по исчезнатиот авион на Малаѕсиа Аирлинес МХ370 најверојатно ќе трае со години, изјави неименуван претставник од американското министерство за одбрана, во време кога подводната потрага не дава никакви резултати, јавува Ројтерс, пренесува „Макфакс“.
Изворот навел дека во потрагата на дното на Индискиот океан, што трае две недели, американската подморница Блуефин-21 не открила никаква трага.
Потрагата по авионот, што исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот, сега ќе влезе во уште потешка фаза со пребарување на поголеми делови од океанот во кој, како што се верува, паднал авионот.
„Пребарувавме помало подрачје и не најдовме ништо. Сега мора да се свртиме кон поголемо подрачје“, рекол изворот. „Сега зборуваме за години“, додал тој.
На брегот на западна Австралија, 300 километри од градот Перт, беа пронајдени неколку предмети. Отпрвин се сметаше дека станува збор за вистинска трага, но многу е мала веројатноста дека предметите се поврзани со малезискиот авион, порачаа во четвртокот од Канцеларијата за безбедност во сообраќајот на Австралија.
OhridNews
извор:„Макфакс“