Потрагата по исчезнатиот авион „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓаше фудбалерот Емилиано Сала и пилотот сабајлево продолжува, откако вчерашните не вродија со плод и беа прекинати поради мрак и неповолни временски услови.

Британската полиција која им се приклучи на шпанската во потрагата објави дека пронашла остатоци од авион во водата но не може да потврди дали се од „Пајпер Малибу“ кој го пренесувал Сала.

28-годишниот фудбалер со истиот авион отпатувал во Нант да се поздрави со своите поранешни соиграчи после договарањето за трансфер во Кардиф. Фудбалерот уште при полетувањето почуствувал страв и им кажал на своите пријатели, а најцрните негови сценарија се оствариле на враќање од кога на авионот му се губи секаква трага.

Со оглед дека авион исчезна во понеделникот многу мали шанси му се даваат на Сала и пилотот да преживеат. Сепак, целиот свет се моли за нив и нивниот живот.

OhridNews