Slice го засилува тимот за продажба во Охрид.
Започни нова кариера во продажба во САД со Slice!
Slice го најавува отворениот ден за кариера во продажба во канцелариите во Охрид.
Доколку сте подготвени за кариера во меѓународно реномирана компанија, ве очекуваме на 4ти ноември во нашите канцеларии во Охрид со почеток од 14:00 часот. – порачуваат од Slice.
На отворениот ден посетителите ќе имаат можност да се запознаат со дел од тимот кој е заслужен за успехот на оваа светска компанија, да научат одлични совети и трикови во продажба, да уживаат во одлична пица и, секако, да бидат подготвени за можноста да бидат вработени на лице место.
Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место. – посочуваат од Slice.
Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во САД, Северна Ирска и Македонија. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Соединетите држави да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.
Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар, истовремено остварувајќи директна соработка со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.
OhridNews