Во тек е акција за пронаоѓање на жител од Струга кој е исчезнат од вчера во попладневните часови, информираат од Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид.

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38 часот оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и се до 16.30 часот (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа, велат од ПСС.

Посочуваат дека тричлена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.

 

OhridNews

фото. Архива