Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, денес, на својот Фејсбук профил објави дека тој и неговото семејство се позитивни на коронавирус.

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка на тестирањето за КОВИД 19 имаме позитивни резултати.“ – пишува Зекири.

Пратеникот Зекири вели дека за среќа нема никакви симптоми, но  апелира до граѓаните да не го потценуваат вирусот и можноста за зараза и да бидат максимално внимателни.

Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.“ – порачува Зекири.

OhridNews