Освен Беџети оставка поднесле и останатите членови на Комисијата од албанска националност, незадоволни од техничките и организационите услови за одржувањето на пописот, кој што треба да почне утре. ОД ДУИ за денес најавија официјална изјава.
Претседателката Јаневска претходно изјави дека пописот ќе почне навреме, утре во осум часот и ќе се спроведува според Законот.
Главната причина за поделеноста меѓу членовите која што кулминираше со оставки, е различното толкување на членот 6 од Законот за попис, во однос на попишувањето на граѓаните кои живеат во странство подолго од една година.
Законот предвидува да се попишуваат граѓаните кои живеат во странство помалку од 12 месеци, додека членовите на комисијата кои се од турска и албанска националност се на став со пописот да се опфатат и сите оние кои живеат во странство подолго од година дена.
извор: Makfaks