Еден неидентификуван германец во понеделникот ноќта потполно гол точел гориво на една бензинска пумпа на Шел во Бад Клостерлаусниц. На себе носел само чевли. Наточил од горивото а потоа влегол во продавницата за да плати.
Откако нафтените компании ги поскапиле цените на дериватите, во Германија биле одржани неколку протести и се претпоставува дека и голиот човек протестирал. Човекот не бил пријавен во полиција бидејќи вработените не се почувствувале загрозени од неговото однесување.