Германец морал да се прошета повеќе од три километри до полициската станица во градот Чам во Германија. Тоа не би било ништо чудно доколку Феликс Адлер (40) не бил потполно гол.


Феликс вели дека во локално кафуле запознал 24 годишна девојка. По краткиот разговор, прошетале накај шумата на крајот од градот каде што таа го молела да имаат секс. Но откако се соблекол, младата дама побегнала со неговата облека. Вклучувајќи го паричникот со околу 1500 евра. Адлер смрзнат и посрамотен успеал да стигне до полицијата каде детално ја опишал девојката која е подоцна пронајдена.