Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

Министерката за одбрана Шекеринска во објавата посакува брзо оздравување на потполковникот и се заблагодарува на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација.

Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

OhridNews