Употребувана кошаркарска топка со потписите на Мајкл Џексон и Мајкл Џордан била продадена во саботата на аукција во Макао за 294 илјади долари. На маратонската аукција на предмети поврзани со славни личности, меѓу кои и градник на Мерлин Монро и чевли на Брус Ли, бил направен вкупен промет од 3,2 милиони долари.


Предметите биле продавани со различен успех, а најголема цена постигнала кошаркарската топка, која била користена за спотот на песната “Jam” од 1992 година, иако нејзината проценетa вредност била само 600 американски долари.