За краток временски период, словенскиот кошаркар Лука Дончиќ, ги освои симпатиите на фановите и се стекна со статус на супер ѕвезда во НБА лигата. Кошаркарот на Далас, плодовите од добрите партии и односот со фановите ќе го наплати со потпис вреден 100 милиони долари.

Како што пренесува ЕСПН, Дончиќ е пред договор со компанијата за спортска опрема „Најк“, која посакува да го обврзи на повеќегодишна соработка Словенецот. Дончиќ ќе носи сопствена линија на патики со знакот на Мајкл Џордан, а затоа ќе заработи неверојатни 100 милиони долари.

Во трка за Дончиќ биле спортски компании Пума и Андер Армор, но Најк бил конкретен и понудил најдобра понуда. Дончиќ ќе биде од ретките кошаркари кои ќе имаат официјален договор и членство во фамилијата на кошаркарки со „џорданки“ патики.

За потсетување, ѕвездата на Чикаго Булс и 20 години по завршувањето на кошаркарска кариера се уште инкасира милионски приходи од брендот кој го носи неговото име.

OhridNews