Италијанскиот калчолигаш Наполи подготвен е во летниот преоден рок да ги разгледа понудите за играчите, кои ќе стигнат на клупската адреса. На „азурите“ ги тресе финансиска криза, а единствен излез до стабилизација на ситуацијата со коронавирусот е продажба на фудбалерите.

На цена или интересни на пазарот се Калид Кулибали, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Фабијан Руиз, открива локалниот новинар Емануеле Камарото, кој добро ги познава и следи работите во Наполи.

Наполи цената за услугите на Елмас ги одреди на 25 милиони евра. Секоја екипа што е заинтересирана за Македонецот мора да понуди 25 милиони евра и да влезе во преговори. Елмас е еден од најдобрите помлади фудбалери во Италија, а двигател е и на македонската фудбалска репрезентација.

Камарото најавува дека Елмас бил на радарот од Бенфика, Борусија Дортмунд и Лидс. Елмас во Наполи се пресели во 2019 година од Фенерхбахче.

OhridNews