Потпишана повелба за збратимување на ДСД „Никола Карев“ од Охрид и Домот за ученици и студенти од Беране, Црна Гора.

Освен со студентски и ученички домови од Србија, прв пат повелба за збратимување се потпишува со студентски дом од Црна Гора.

Директорот на студенскиот дом „Никола Карев”, Жарко Куциноски, беше примен и од претседателот на општина Беране, Вуко Тодоровиќ, со кого беше разговарано за соработка помеѓу двата дома.

Претседателот на општината бил поканет да го посети Охрид, за што тој изразил благодарност и подготвеност за посета на Охрид.

OhridNews