Минатогодишната соработка меѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува. Во согласност со мисијата и визијата на Фондот, а и со аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка, потпишан е Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 178.000,00 евра за 2020 година.
Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја.
Договорот беше потпишан меѓу извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и Васко Паскали, директор на ЈУНП Галичица во присуство на вработените во установата, како и претставници од други организации кои ќе бидат финансиски поддржани од страна на Фондот во текот на 2020 година за активности кои ќе се реализираат на територијата на Националниот парк.
OhridNews