Директорот Ѓурчевски изрази големо задоволство за проектот кој треба да биде реализиран до крајот на летово.
– Ние како владина институција која го помага спортот ќе се вклучиме во изградбата на патеката со сума од околу три милиони денари, средства кои ќе бидат употребени за целосна подготовка на теренот до поставувањето на патеката. Заедно со средствата кои МОК ги обезбеди од Меѓународната атлетска федерација, „Билјанини извори“ ќе го направиме еден современ атлетски центар, рече Ѓурчевски.
Васил Тупурковски и Цветко Грозданов искажаа голема благодарност до Агенцијата и Владата за нивното залагање околу подобрување на условите за работа на спортистите во „Кралицата на спортовите“.