Потпишан меморандумот за соработка помеѓу Средната школа „Дољевац” од Ниш и СОСУ „Св. Кирил и Методиј” Охрид.

Со меморандумот кој беше потпишан од страна на директорите на училиштата, Ристе Јанкоски и Марко Цветковиќ, се овозможува меѓусебна соработка, учество во заеднички проекти и настани, како и размена на знаење и искуство помеѓу професорите и учениците со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес.

Разговаравме за наши идни заеднички проекти и соработки, споделивме искуства и ширевме позитивна енергија. За време на престојот, покрај дискусиите за можните начини на соработка, гостите имаа можност да ги видат природните убавини на Охрид и да се запознаат со културно – историските вредности на нашиот град, велат од училиштето.

Потенцираат дека во склоп на посетата остварена била и средба со конзулот на Р. Србија во Охрид, при што гостите имале можност да се запознаат со начинот на изработка на охридските бисери.

OhridNews