Потпишан меморандум за соработка помеѓу АФМ и Општина Охрид
23.07.09 12:50
Денес во Охрид беше потпишан меморандум помеѓу Атлетската Федерација на Македонија претставувана од Г-дин Цветко Грозданов , претседател на федерацијата и Општина Охрид, претставувана од Г-дин Александар Петрески, Градоначалник на Охрид.
– Овој меморандум се склучува врз основа на веке склучената соработка помеѓу Атлетската Федерација на Македонија , Македонскиот Олимписки комитет, Владата на Р.М претставувана од Агенцијата за Млади и Спорт склучен на ден 03-07-2009 год, како и Европскиот Олимписки Комитет, Меѓународните асоцијации на Атлетски Федрерации и Мондо С.П.А Италија склучен на ден 29-07-2008 год. – информираше Грозданов.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески изрази задоволство од договорот и изградбата на стазата која од ваков карактер ќе биде прва во Македонија.
– Посебно задоволство ми преставува тоа што Охрид ќе добие вака модерна патека која очекувам во голема мера да помогне на развојот на овај спорт како и развој на спортскиот туризам – рече Петрески.
Отварањето на стазата е планирано за септември на некој пригоден датум кој допрва ќе биде одреден.
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Бојан Затуроски доби повик за репрезентацијата на Македонија до 19 години, информираат од ГФК Охрид Лихнидос После одличните настапи во пролетниот дел од сезоната Бојан Затуроски заслужено доби пов...
Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.