Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, во присуство на претставничката на Американското катче во Струга, Ардита Емуш, потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Струга и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РСМ за Американското катче во Струга за временски период од пет години од денес.

Овој проект, односно катчето “American Corner“ е еден од најважните проекти реализирани помеѓу Општина Струга и Амбасадата на САД во Северна Македонија. Ќе се посветам секогаш тоа да биде во служба на младите и на сите други, кои се заинтересирани да ја запознаат американската култура. Катчето е во рамки на новата зграда на општината и преземаме обврска дека ќе се реализираат сите активности кои произлегуваат од овој Меморандум. Истовремено, им благодариме на Амбасадата на САД и на американскиот народ што ја одбрале Струга како дел од мрежата на катчиња во нашата држава, истакна Мерко.

OhridNews