Потпишан првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите средни училишта во Охрид. Иницијативата беше покрената од ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, предводена од претседателот Арсениј Ѓоршески, со цел зајакнување на младинската соработка и активностите во градот.

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателите Арсениј Ѓоршески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, Иво Георгиески од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, Теодора Митреска од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид и Вероника Ѓуракова од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид.

Среќни сме што нашата иницијатива донесе заедничка акција на сите средни училишта во Охрид. Ова е само почеток на уште поголеми проекти и активности што ќе ги реализираме заедно, изјави Ѓоршески.

Настанот го поздравија и директорите на училиштата, наставници, кои истакнаа дека ова е важен чекор за младинскиот активизам и вмрежување во Охрид.

OhridNews