Вчера во местото Пили (Винени) на грчката страна на Преспа  се потпиша меѓународниот Договор за заштита на Преспанското Езеро. Договорот во кој страни потписнички се Република Македонија, Грција, Албанија и Европската Комисија, има цел заштита и промоција на Преспанскиот регион и има засилена политичка компонента заради спецификите на регионот Преспа, вели Дејан Пановски – Координатор за проектот за Преспа од Министерството за жив.средина.


” Промовирањето на таканаречената зелена дипломатија уште еднаш покажа дека екологијатаможе да биде силен  двигател и на политичките процеси во регионот. ВаквиотДоговор ќе даде шанса за просперитет на Преспанскиот регион , неговаеколошка и туристичка промоција од која бенефит ќе имаат сите држави.Европската Унија како потписник на Договорот е гарант повеќе за тоа. Сенадевам овој Договор ќе придонесе и за побрзо отворање на нов граниченпремин кај Маркова нога што ќе ја олесни комуникацијата меѓу државите како ипротокот на науката , пазарот и луѓето во регионот ” , истакна Пановски.


Со Договорот ќе се формираат меѓународен Комитет и Секретаријат и страните се обврзуваат за заедничка заштита и меѓусебна помош во заштитата која ќе произлезе од секоја страна посебно , притоа задржувајќи ја европската компонента , европските директиви и политики во управување со басените. Поради тоа во Договорот се реферира дека сите напори ќе се корпорираат во целокупното управување на единствениот Дримски басен, додава Пановски.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски