Во Грција пред малку заврши церемонијата за потпишување на договорот за промена на името меѓу Македонија и Грција.

Македонската делегација ја предводеше премиерот Зоран Заев, а во нејзин составбеа замениците претседатели на Владата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Потпис на договорот ставија министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот во преговорите, амбасадорот Метју Нимиц, по што свои обраќања имаа премиерите Заев и Ципрас.

„ Аристотел рекол, нема да можеш да постигнеш ништо без храброст и чест,  надежта е буден сон, кога имаш надеж можеш планини да поместиш. Го делам чувството дека со потпишувањето на договорот, навистина поместивме планини.  Кога многумина се сомневаа потврдивме дека е возможно. Ставивме крај на отежните пријателски односи три децении неизвесност, и на несакани последици од овој спор. Дојдовме до достоинстевено и прифателиво решение. Договорот ни донесе аспирација, иницијативи за подобар живот. Решението и процесот ни донесе пријател. Градиме пријателство со Грција, тие ќе бидат наши партнери. Во регионот има нова реалност. Создаваме семејство фокусирано на луѓето. Да ги отвориме границите, да се повикуваме на европски вредности. Обединети опстојуваме, разделени паѓаме. Посилна економска соработка, создадовме шанса, да ја засилиме соработката, и да постигнеме раст и развој, протокот на луѓе и технолошки напредок“, рече Заев.

На оние кои се противници на договорот и во Македонија и Грција сакам да има порачам дека тие имаат право на тоа, ние ќе градиме демократски вредности базирани на слобода, владееење на правото.

„ Нашите држави имаат обврска да застанат зад цивилизацикаките вредности, се противат на манипулации, и на стравот. Демократијата реагира на проблеми, и сите да знаат на некоја идеја имаат право на гласен аргументиран став, како што е европски да се дава шанса низ институционалниот систем на одлучување, целиот демократски свет“, порача Заев.

За време на целата церемонија, и во двете земји присутни се потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини,и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

По потпишување на договорот во Псарадес на грчката страна од Преспанското Езеро,  делегациите од двете земји одат во Отешево на македонската страна, каде се предвидени билатерални разговори и свечен ручек.

OhridNews