Министрите за надворешни работи на Македонија и Албанија, Антониот Милошоски и Љузим Баша, денеска во Тирана го потпишаа договорот за целосно укинување на визите. На потпишувањето на договорот присуствуваа и премиерите на двете земји, Никола Груевски и Сали Бериша.
Со договорот двете земји целосно ги укинуваат визите за граѓаните од двете држави, кои ќе можат да престојуваат во соседната земја 90 дена во рок од шест месеци. Исто така со договорот се предвидува жителите на пограничните места до 25 километри во внатрешноста, да можат да патуваат во соседната земја само со лична карта.
Укинувањето на визниот режим помеѓу Македонија и Албанија доаѓа неполни три недели од воведувањето на новиот визен режим од македонска страна, со кој се предвидуваше визи за влез во земјата за албанските граѓани исклучиво да се издаваат во амбасадата во Тирана. Со укинувањето на визниот режим оваа одлука престанува да важи, како и дискриминаторската визна политика на западниот сосед каде досега визи за влез не плаќаа единствено жителите на Македонија со албанско етничко потекло.
ohridnews