Во недопрената природа кај Канео во неповторлив амбиент се наоѓа плажата Потпеш која официјално започна да работи од синоќа.
Плажата е како на филм, нереално убава и сплотена со природниот амбиент. Карпите и раскошните дрва меѓу кои внимателно е сместен екстериерот и ентериерот, на плажата и даваат посебна убавина.
Плажата е уредена со лежалки и ситна песок, а пристап покрај патеката од Канео е можен и по воден пат за што е изграден и мал мост.
Уредена е претежно во дрво. На неа за брзо време покрај пијалоци ќе се служи и храна, вели сопственикот, познатиот ресторатер Митко Пендо.
На отворањето синоќа присуствуваа голем број гости и познати личности од јавниот живот во Охрид, а малата свеченост беше заокружена со огномет.
Потпеш дефинитивно ќе биде дестинација за сите гурмани и љубители на природата.
Г. Момироски