Според прогнозата за Охрид, времето во наредната седмица ќе биде променливо, со сончеви периоди, но и зголемена облачност и повремени врнежи од дожд. Услови за врнежи од дожд има особено во вторник и четврток, кога дневната температура ќе се движи од 15 до 19, а минималната од 6 до 8 степени.

Зголемување на температурите се очекува од петок. Времето во текот на идниот викенд ќе биде стабилно и топло со максимална температура од 20 до 21 степен.

OhridNews