За да им овозможат на туристите и нуркачите ново место за истражување на коралите и коралните гребени, во близина на Кајманските Острови потопиле американски брод за спасување долг 76 метри, соопштиле американските медиуми. Бродот Китивејк е тежок 2290 тони, и полни 50 години и служел на американската морнарица.
Бил повлечен од активна служба во 1994 година. Сега лежи на длабочина од 18 метри и неговата највисока палуба се наоѓа само неколку метри под површината на Карипското Море. По потопувањето бил прегледан од специјална единица нуркачи кои утврдиле дека на дното легнал според планот.