Сплав ресторанот „Мала Колубара“ на реката Сава во Белград, Србија започнал да тоне вчеравечер за време на прославата за неговото свечено отворање, јавуваат српските медиуми. Во моментот на инцидентот на сплавот имало 100-тина гости.
Несреќата се случила најверојатно поради големиот број на посетители кој присуствувале на отварањето. За среќа сите навреме се евакуирани и нема повредени. Помеѓу гостите на сплавот бил и неговиот сопственик, кој видно потресен одбил да ги коментира причините кои довеле до оваа незгода.
Екипи од противпожарната служба се обиделе да го извлечат сплавот на брегот со сајли, но акцијата била безуспешна.
OhridNews