Турската крајбрежна стража трага по деветте исчезнати членови на екипажот на комерцијален брод што пловел кон Украина и потонал во близина на јужната турска провинција Анталија.

Бродот под знамето на Гвинеја Бисао испловил од турското пристаниште Искендерун и се упатил кон украинското пристаниште Измаил, соопшти крајбрежната стража.

Петмина членови на екипажот се спасени со хеликоптери и други бродови кои минувале покрај областа, се наведува во соопштението.

OhridNews