Делегација на Општината и потомците на знаменитиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, утре ќе го посети неговиот гроб во Софија и ќе му оддаде  должна почит по повод 100 годишнината од неговата смрт.

Како што е познато, 100 годишнината од смртта на Шапкарев која се наврши на 18. Март годинава, беше одбележана во неговиот роден Охрид  на пригоден начин – со академија што ја организира Општината.

Кузман Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 – Софија, 18 март 1909), е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.

Ohridnews