Атрактивниот простор во поткровјето на Гимназијата кој започна да се гради пред две години, ќе биде завршен ова лето, најави локалната самоуправа.
Преостанатите градежни работи ќе бидат изведени за време на летниот распуст на учениците, со што несметано ќе може да биде завршен проектот, изјави градоначалникот Петрески. Тој најави дека просторот ќе биде наменет исклучиво за културни настани. Во него ќе биде сместена Охридската Академија на хуманизмот, а ќе се користи и за разни културни манифестации и промоции.
Со изградбата на поткровјето во Гимназијата Општина Охрид ќе добие атрактивен простор од околу 700 метри квадратни во центарот на градот, кој според пресметките на локалната самоуправа има вредност од близу 2 милиони евра.
охридската Гимназија ќе прерасне во светски центар на хуманизмот
ohridnews