Жителите на Токио кои изутрината тргнале со воз на работа, на една од станиците имале неочекуван „сопатник“ – мајмун.
Човекот кој работел во обезбедување го видел во близина на излезната врата на станицата, кажува портпаролот на железницата.
Мајмунот се качил на столбот од излезната врата, а го обиколиле триесетина полицајци кои се обиделе да го фатат. Се собрала и толпа патници кои со мобилните телефони го сликале настанот.
„Опсадата“ на мајмунот завршила откако животното слегло и побегнало од станицата, со неколку полицајци и телевизиска екипа.
Животното последен пат е видено во паркот кој се наоѓал во близина на станицата.
Се работи за домашен, јапонски мајмун, кој од врвот на главата до крај на опашот е долг околу 70 цм.