Во рамки на саемот за наутика што се одржува во Белград, Србија, Капетанијата на пристаништа Охрид изврши презентација на карактеристиките и потенцијалите на Охридското Езеро.
Горан Устијаноски – Капетанија на пристаништа Охрид
– Меѓу другото, презентирани беа можностите за развој на наутичкиот туризам во Македонија со посебен акцент на Охридското Езеро, историјатот на пловидбата во земјата, внатрешните пловни патишта, флотата, проектите и актуелните предизвици.-истакна Горан Устијаноски, раководител на охридската Капетанија.
На презентацијата присуствуваа и учениците од средното бродарско училиште од Белград предводени од професорот и капетан Перо Пухаловиќ. Притоа била договорена официјална посета на Капетанијата во Охрид и запознавање со бродарството на Охридско Езеро, која, како што информира Устијаноски, ќе се реализара во месец јуни оваа година.
OhridNews