Официјална делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески присуствуваше на вториот глобален состанок на членките на Европската мрежа на езера што денес се одржа во градот Исео во Италија.
На работната средба било искажано заедничко задоволство на европските партнери од различни земји, дека Европска мрежа ќе овозможела остварување на поблиска соработка во областа на туризмот, културата и размена на искуства за различни области од секојдневното живење во европските градови кои имаат езера.
Основнатa цел на Европската мрежа на езера, е партнерското учество во различни европски проекти од различни европски програми. На средбата на официјалните делегации од различните европски земји, најмногу внимание било посветено на неопходноста од подготовка на заеднички партнерски предлог проекти, при што биле разгледани можностите за аплицирање преку неколку европски програми и можностите за подобрување на соработката и меѓусебната координација, информираат од локалната самоуправа.
По глобалниот состанок на членките на Европската мрежа на езера, официјаните делегации присуствувале на свеченото отварање на шестото издание на Фестивалот на езера од Европа.
На свечената церемонија, поздравно обраќање имал градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во име на сите градаоначалници на Европската мрежа на езера. Во својот говор тој ги промовирал Охрид и Охридското Езеро.
Европската мрежа годинава се прошири со 2 нови членки од Шведска и Финска.
OhridNews