Кога се зборува за вежбањето, обично се заборава да се спомене потењето, процес кој ја прати физичката активност и носи многу благодети.

Потењето најчесто се спомнува во негативен контекст на испуштање непријатни телесни миризби, никогаш на него не се осврнуваат кога пишуваат за благодетите за вежбањето, а всушност се работи за природен процес кој на нашето тело му носи многу користи.

Секое вежбање кое поттикнува потење одлично е за циркулацијата, затоа, одете на брзо пешачење, трчање, возење велосипед или кревање тегови, важно е да се испотите бидејќи тоа е показател за забрзана работа на срцето и метаболизмот.

Како што потта ги отвора порите, излачува нечистотии и токсини од нашето тело. Се разбира, откако добро ќе се испотиме, треба да се истушираме и да ја исчистиме кожата , која после тоа ќе биде блескава и здрава.

Потењето ја зголемува циркулацијата на течности низ телото, чистејќи го и измивајќи го одвнатре на тој начин, па притоа се намалува и ризикот од бубрежни камчиња, а не е на одмет да се спомене и дека потењето го подобрува расположението.

Имено, доброто потење е одличен лек против стресот, се согласуваат сите експерти, па го препорачуваат и на депресивните луѓе.

извор:metro-portal.hr