Брендот „Кока Кола“ доби тежок удар на светската берза, откако за краток временски период забележа пад на акциите. Ваквиот епилог е поради потегот на Кристијано Роналдо, кој на официјалната пресконференција за дуелот со Унгарија ја тргна амбалажата од „Кока Кола“ и стави вода.
Падот на акциите на „Кока Кола“ му донесе загуба од 4 милијарди долари, што претставува најголем пад во 2021 година. Вредноста на брендот „Кока Кола“ се проценува на 242 милијарди долари.
За потсетување, Роналдо е голем перфекциониста и покрај правилното и навременото вежбање, големо внимание посветува на исхраната. Тој во едно интервју изјави дека не му дозволува на својот највозрасен син да конзумира сокови и чипсови.
OhridNews
Вода пред Кока кола е пораката на Кристијано Роналдо (видео)