Гестот кој го направи Кими Раиконен и Ферари на трката во Шпанија го воодушеви целиот свет. Кими трката во Шпанија мораше да ја заврши пред време од причина што неговиот болид беше оштетен при еден контакт. Тоа ги разочара сите негови фанови посебно малиот Томас од Франција кого камера го фати како во солзи го преживува тој момент.
Луѓето од италијанскиот тим одма реагираа и Томас и неговото семејство го поканија во својот моторхоум. Таму малиот Томас имаше можност да го запознае својот идол, ја посети гаражата на Ферари и доби поклони. Овај потег исто така го нотираа и организаторите на “Лауреус“ наградата кои ги номиноваа Томас и Кими во конкуренција за најдобар спортски момент.
И ние како љубители на овај спорт можеме да гласаме на следниот линк, тука.
OhridNews